Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

СДСМ: Платите се 35 отсто од европскиот просек, а цените над 60 проценти – животниот стандард тоне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
bogdanka

Животниот стандард на граѓаните постојано опаѓа, платите стагнираат, а цените растат – оцени СДСМ на денешната прес-конференција. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, истакна дека Владата на Христијан Мицкоски ги запрела политиките на континуирано зголемување на платите што ги водеше СДСМ, доведувајќи ги граѓаните „до точка на преживување“.

„Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина. Од друга страна, цените достигнуваат над 60% од европскиот просек. Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати“, рече Кузеска.

— реклама —

Таа посочи дека синдикалната потрошувачка кошничка во август изнесувала 65.507 денари и дека „двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци“.

„Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и регионот. Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра. Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра“, нагласи таа.

— реклама —

СДСМ смета дека „погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа“ и критикуваше дека во буџетот од шест милијарди евра нема пари за граѓаните, но има за „луксузирање на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ“.

Кузеска порача дека потребни се итни мерки:

— реклама —

зголемување на сите плати,

покачување на минималната плата на 500 евра,

— реклама —

укинување на ДДВ за храната, како што предлага СДСМ.

„Тоа се единствените реални политики за достоинствен живот на работниците и граѓаните“, рече портпаролката на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryl85o3cek89n79Kn961t

„Мицкоски заврши со летниот дел од екскурзијата - од денеска стручен дел во Брисел“, велат од СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-library2qhbjk649l650REE02T

(Видео) Фрчкоски: За труењето во Гостивар, СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов, Амети

Македонија | пред 20 часа

media-libraryu318o84jcs0pbj7Ij4b

„Срам и понижување“ или „уметничка инсталација“ - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во нова пресметка за знамето истакнато на прославата за независноста на Македонија

Македонија | пред 21 час

media-libraryhaqek0kpenp3echg1tc

„Гостивар отруен од вода, 4.700 граѓани во болница а нула одговорни од власта“, вели СДСМ

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања