„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендери во вредност од 9 милиони евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryrhb6irvep40p8eGFCr8

СДСМ денеска достави пријава до Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) во врска со државни тендери во вредност од околу 9 милиони евра. Од партијата информираа дека со пријавата се приложени документи и материјали кои изминатите денови ги објавија на прес-конференции.

Пред поднесувањето на пријавата, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Петар Огњеновиќ, изјави дека партијата реагира по вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, кој во телевизиско гостување порача дека институциите треба да постапат доколку има основ за сомнеж.

— реклама —

Огњеновиќ истакна дека, според нивните сомневања, фирма основана пред една година со двајца вработени добила повеќе државни договори во значителна вредност, од кои голем дел се склучени со Генералниот секретаријат на Владата.

— реклама —

„Нашата обврска беше да ги доставиме сите материјали до институцијата што е надлежна да утврди дали има елементи на корупција“, рече Огњеновиќ. Тој додаде дека од ДКСК очекуваат да отвори предмет и да ги испита околностите поврзани со доделените договори.

— реклама —

Од СДСМ најавуваат дека ќе продолжат да ги доставуваат сите документи со кои располагаат, а од институциите бараат, како што велат, „целосна проверка и постапување согласно закон“.

Од Владата засега нема реакција на поднесената пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

432224-720x340-1

Антикорупциска комисија: Интегритетот на хартија, слаб во пракса

Македонија | пред 1 седмица

432224-720x340-1

ДКСК ќе го разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Македонија | пред 1 седмица

432224-720x340-1

Антикорупционерите со постапки за 234 советници од општините поради непријавен имот

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев бил дискриминиран од Антикорупциска: Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, дојдете на јунска сесија да ве допрашам

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања