Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Поради политиките на Мицкоски, САД ја ставаат Македонија во иста група со Сомалија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-library2e9baqigp61uc7nGqE3

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ја обвини власта на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ја довеле државата до сериозно влошување на меѓународната позиција, откако Соединетите Американски Држави донеле одлука за суспендирање на обработката на визи за македонските државјани.

— реклама —

Според соопштението на СДСМ, Македонија е опфатена со одлуката заедно со уште 75 земји, меѓу кои се наведуваат Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран и Русија.

— реклама —

СДСМ потсетува дека ова, според нив, е продолжение на негативните чекори од страна на САД кон Македонија, наведувајќи дека минатата година биле зголемени царините за македонските производи, а сега следува и ограничување на визниот режим.

— реклама —

Од опозициската партија директно ја посочуваат владата предводена од Мицкоски како одговорна за состојбата, оценувајќи дека со своите политики ја довела Македонија во ист ранг со земји со сериозни безбедносни и институционални проблеми.

— реклама —

„Толку е периметарот на Мицкоски – ја доведе Македонија во ранг со Сомалија“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 28 минути

— реклама —
media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 2 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 18 часа

slaveski1

(Видео) „СДСМ бара привремена забрана за вршење должности на Трајко Славески и останатите во НБРМ за Алта банка“, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања