Промени тема
Контакт

СДСМ: „Реконструкција или театар за прикривање на неуспехот?“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library9kue95ppsuqm8eZUpjp

СДСМ преку соопштение оцени дека реконструкцијата на Владата не претставува вистинска промена, туку, како што велат, обид за прикривање на неуспесите на актуелната власт.

Од партијата посочуваат дека најавите на премиерот Христијан Мицкоски за „нова енергија“ и „ново темпо“ се само козметички потези кои, според нив, не ги решаваат клучните проблеми со кои се соочува државата.

„Ова не е реконструкција што носи одговорност, туку прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза. Економијата тоне, буџетот е празен, европскиот пат е блокиран, а граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапувања“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според опозициската партија, наместо да се соочи со, како што велат, сопствените неуспеси, премиерот создава привид на активност преку реконструкцијата на Владата.

— реклама —

СДСМ ја обвини власта и за, како што наведуваат, недолично однесување кон опозициските пратеници во Собранието, тврдејќи дека со тоа се нарушува угледот на законодавниот дом.

Од партијата оценуваат дека реконструкцијата е вовед во можни предвремени парламентарни избори и тврдат дека власта се обидува да создаде услови и оправдување за нивно распишување.

— реклама —

„Реконструкциите и преименувањата не ја решаваат кризата. Граѓаните веќе знаат дека празните ветувања не се решение“, порачуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 23 часа

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања