Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Со двете мерки на СДСМ, укинување акциза на горивата и ДДВ од 5% ќе има дури 205 литри повеќе за граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ преку соопштение бара Владата да ги прифати нивните предлози за целосно укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на пет отсто, оценувајќи дека со овие две мерки граѓаните би добиле значително поголема заштеда.

— реклама —

Од партијата велат дека во услови на раст на цените и горива кои надминале 100 денари за литар, семејните буџети се под сè поголем притисок. Според СДСМ, мерките што ги презела Владата се задоцнети и недоволни и немаат значаен ефект врз животниот стандард на граѓаните.

Како решение СДСМ ги предлага целосното укинување на акцизата за горивата и намалувањето на ДДВ од 18 на пет проценти.

— реклама —

„Со мерките на СДСМ, граѓанин со просечна плата ќе може да купи дури 205 литри бензин повеќе отколку со мерките што ги предлага Владата“, наведуваат од партијата.

— реклама —

Според СДСМ, поевтините горива би довеле и до намалување на транспортните трошоци, што би создало услови за пониски цени на храната и другите основни производи.

Од опозициската партија бараат Владата веднаш да ги прифати предложените мерки, оценувајќи дека во услови на економска криза јавните средства треба да се насочат кон граѓаните.

Во реакцијата СДСМ упатува и политички критики кон премиерот Христијан Мицкоски и Владата, обвинувајќи ги за трошење средства на, како што наведуваат, „спектакли, тендери и луксуз“, наместо за мерки што директно би им помогнале на семејствата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 3 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Земјоделците се на работ, трошоците растат 8,8%, цените 2,3%, Арамијата молчи

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања