Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Со кредитот од Будимпешта јавниот долг ќе отиде над 65%

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-koalicija

,,ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во долгогодишно политичко и финансиско заложништво на друга држава. Кредитот кој во четири очи кој Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент. Тој е политичка одлука која е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој кредит, долгот на државата ќе отиде над 65% што е спротивно на мастришките критериуми, но и спротивно на законот за буџети. ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно ја труеше јавноста од опозиција како државата била презадолжена, сега планира само со една политичка одлука во свој интерес, да ја задолжи земјата до гуша.

— реклама —

Фактите и условите за овој кредит, говорат дека тој воопшто не е ниту подобар ниту поповолен од кредитите кои ги имаме на располагање од реномираните и конотрлираните меѓунардони финансиски институции.

— реклама —

За овие 500 милиони евра кредит од Бумпешта, граѓаните ќе треба да вратат над 150 милиони евра камати од кои само во првите три години над 50 милиони. Ова покажува дека кредитот е далеку од поволен.

Ние веќе користиме кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5% каматана стапка. Значи имаме кредит од реномирана институција кој е поповелн за стопанството. Во моментов стопанството има на располагање кредити со каматна стапка под 3%. Шти занчи дека поволноста на овој кредит е огромна лага. Одлуката е политичка, а не финансиска.

— реклама —

СДСМ бара итно повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од оваа идеја и започнување преговори за финансирање од проверени и контролирани извори.

— реклама —

СДСМ бара Собранието да ја отфрли во целост оваа идеја и да не дозоволи државата да падне во политичко заложништво и вечен должник на друга држава.

СДСМ бара меѓународните институции итно да реагираа на оваа намера и да се произнесат по однос на оваа одлука која трајно ќе го смени курсот на земјата и стратешките позиции.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања