Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Среде епидемијата во Гостивар дежура само еден инфектолог, Мицкоски и Клековски на екскурзија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
sdsm-zgrada-1-366121

СДСМ обвини дека здравствениот систем во Гостивар не е подготвен да се справи со последиците од, како што наведуваат, епидемијата предизвикана од загадена вода.

— реклама —

Од партијата тврдат дека во гостиварската болница дежура еден специјалист инфектолог, четворица специјализанти и дерматолози, оценувајќи дека тоа не е доволно за справување со зголемениот број пациенти.

— реклама —

Според СДСМ, дел од пациентите од Гостивар се префрлаат на лекување во Тетово, додека, како што велат, сè уште нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е технички исправна.

Во соопштението, партијата наведува дека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најавил нови анализи на водата, што, според нив, покажува дека досегашните проверки не биле доволни.

— реклама —

СДСМ упати критики и до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски, оценувајќи дека Владата не реагира соодветно на состојбата.

„Граѓаните се трујат. Болницата е преоптоварена. Пациентите се возат во друг град. Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryn5v4vrilt7918h7a08U

„Последни претања на Платформата – ЗНАМ 2.0 – од Левица до Црвенковски“, велат од СДСМ

Македонија | пред 20 часа

media-libraryqjpvfkvd9plb11Q6MZr

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

Македонија | пред 1 ден

media-library1bt4smd6t3fj0PrtIRF

„Рудник во Иловица нема да има, народот ќе ви каже 'не'“ – Тренчевска со предупредување до власта

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања