Промени тема
Контакт

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Прво Мицкоски. Потоа Латас. Сега Стоилковиќ. Ист речник. Иста поделба. Иста стратегија. Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја, велат од СДСМ.

„Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност.

Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник.

Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата.

Сега истата матрица се пресликува во Македонија.

Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“…

Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“.

Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас

Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село.

Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи.

— реклама —

Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери.

Целта е иста:

Да се обесхрабрат младите,

Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“.

Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи.

Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми.

Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ. Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО.

Младите масовно си одат. Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани.

„Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ. Иста школа. Исти ментори. Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена.

Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото. Во буџетот нема пари. Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен.

Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите.

— реклама —

Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него.

Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат.

Затоа лета на екскурзија во Брисел. Просторот се стеснува. Граѓаните веќе сè знаат. Последните подготовки се јасни:

Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми.

Дотогаш мора повторно да го поделат народот. Мора да се подготват за предвремени избори. Затоа што пари нема. А други резултати нема, ниту ќе има, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys5krkpvevill0XD4AaW

(Видео) Наумоски: ВМРО-ДПМНЕ направи пустош во земјоделството, пчеларството пред колапс

Македонија | пред 17 часа

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: „Дизелот поскапува за 6 денари, граѓаните повторно плаќаат за неспособноста на власта“

Македонија | пред 20 часа

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања