Промени тема
Контакт

СДСМ: Стоилковиќ не носи политичка поддршка, туку влијание од Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ побара од премиерот Христијан Мицкоски да објасни зошто Иван Стоилковиќ останува дел од Владата, откако по реконструкцијата беше преместен од функцијата вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците на позицијата министер за локална самоуправа.

Од опозициската партија прашуваат што, според нив, Стоилковиќ придонесува за Владата, освен, како што наведуваат, „личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ“.

„Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО се сведува на улогата на офицер за врска со Белград“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, доколку Стоилковиќ успешно ја извршувал претходната функција, нејасно е зошто бил преместен, а истовремено останал дел од новиот владин состав и покрај, како што велат, бројните критики и барања за негова смена.

— реклама —

СДСМ тврди дека неговото именување не е случајно и оценува дека претставува гаранција за, како што наведуваат, задржување на влијанието на Белград во македонската извршна власт.

Во соопштението партијата потсетува и на претходни контроверзии поврзани со Стоилковиќ, меѓу кои, како што наведува, инцидентот во Собранието со пратеникот Митко Трајчулески, неговите јавни настапи и контакти со организации и политички структури од Србија.

— реклама —

„Го повикуваме премиерот Мицкоски јавно да објасни според кои критериуми Стоилковиќ заслужува да остане во Владата и каков конкретен придонес очекува од него на новата позиција“, порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfr7h64ac7ci75JEPiMq

„Ходник дипломатија на Мицкоски со 50 луѓе на екскурзија и антимон со вредност помала од DЈ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ до Божиновска: Нема извинување, има биографија, броила од 13,2 милиони и човек од доверба на Лазаревиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашува

Македонија | пред 1 ден

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

СДСМ: Дизелот поскапе на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати предложените мерки

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања