Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: „Трета економија на празни фрижидери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryrb1r6tmf8u1pfCKmk1S

СДСМ преку соопштение обвини дека Владата се повикува на статистички показатели за инфлацијата, додека граѓаните и понатаму се соочуваат со високи цени, ниски плати и сè потежок животен стандард.

— реклама —

Од партијата велат дека, иако Владата се пофалила со најниска инфлација во регионот, тоа не ја отсликува реалната состојба со која секојдневно се соочуваат граѓаните.

„Граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите. Потрошувачката кошница и натаму е тешко достижна, а инфлацијата сè уште е повисока од она што Владата го ветуваше во својата програма и во Буџетот за 2026 година“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според опозициската партија, цените на основните производи останале високи, додека минималната и просечната плата се меѓу најниските во Европа.

— реклама —

Во соопштението се тврди и дека странските инвестиции се намалени за повеќе од 60 проценти во споредба со периодот пред актуелната Влада, што, според СДСМ, е показател за економска стагнација и намален инвестициски интерес.

„Македонија под раководство на Мицкоски стана трета економија на празни фрижидери – држава во која власта се фали со бројки, а граѓаните сè потешко ги покриваат основните животни трошоци“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Од партијата додаваат дека, според нив, Владата се обидува да ја прикрие економската и социјалната состојба со, како што велат, селективни статистички податоци и политичка пропаганда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања