Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Трета економија во Европа, а задолжување секоја недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ преку соопштение обвинува дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ја зголемува задолженоста на државата, додека премиерот истовремено зборува за економски раст и позиционирање на Македонија како „трета економија во Европа“.

Од опозициската партија велат дека земјата за само две години ќе биде задолжена со околу 4 милијарди евра, оценувајќи дека последиците од ваквата политика ќе ги чувствуваат и идните генерации.

— реклама —

„Внуците ќе ги враќаат кредитите на Мицкоски. Со генерации“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата посочуваат дека се очекува ново задолжување од 1,3 милијарди евра, со што, според нив, вкупниот нов долг за две години ќе достигне околу 4 милијарди евра.

— реклама —

СДСМ тврди и дека јавниот долг се приближува кон 12 милијарди евра, односно над 65 отсто од БДП, додека годишните трошоци за камати се зголемиле на околу 350 милиони евра, од претходните околу 120 милиони евра.

— реклама —

„Буџетот е празен, а парите одат во тендери“, обвинуваат од СДСМ.

Опозициската партија се осврнува и на животниот стандард, наведувајќи дека потрошувачката кошничка за две години се зголемила за околу 10.000 денари и сега изнесува околу 90.000 денари со вклучена кирија. Од СДСМ додаваат дека цените значително се зголемиле.

— реклама —

„Мицкоски може да се смее колку сака на своите бројки. Статистиката не ги полни фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат во своите празни паричници“, велат од СДСМ.

Од партијата го обвинуваат премиерот дека со економските политики создава дополнителен товар за граѓаните и идните генерации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања