Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Владата ги излажа пензионерите, но ќе ја наруши и стабилноста на ПИОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-koalicija

,,Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе ги зголеми пензиите за сите пензионери за 5.000 денари. Но ова ветување не само што не се исполни, туку и го постави прашањето за долгорочната стабилност на Фондот на ПИОМ.

Во реалноста, пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари, што е далеку од она што им се бетуваше и далеку од очекувањата и потребите на најранливата група во општеството.

— реклама —

Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби.

Но, со последната одлука на владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема имаат дополнителни 5.000 денари во септември.

— реклама —

На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше.

Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени. Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите.

— реклама —

Покрај ветувањето кое не беше исполнето, постои и поголем проблем кој произлегува од актуелната политика на линеарни покачувања на пензиите. Имено, ваквата практика, без разлика на балансот на придонесите, претставува значителен ризик за стабилноста на ПИОМ.

Линеарните покачувања создаваат дополнителен финансиски притисок врз фондот, кој се соочува со проблеми во одржливоста. Зголемувањето на износите кои ПИОМ треба да ги исплаќа секој месец, во услови на ограничени приливи од придонеси, може да доведе до ситуација каде фондот нема да биде во можност да ги исполни своите обврски кон пензионерите.

— реклама —

Политиките на владата на Мицкоски, носат со себе сериозни долгорочни последици. Ако ПИОМ се најде во ситуација на недостаток на средства, владата ќе мора или да ги намали пензиите или да бара дополнителни извори на финансирање, што пак ќе значи поголеми даноци или нови задолжувања на државата.

Во секој случај, последиците ќе ги почувствуваат сите граѓани, а најмногу оние кои се најзависни од пензиските примања – пензионерите. Неисполнетото ветување за зголемување на пензиите не само што ги остави пензионерите со огорченост, туку и го доведува во прашање иднината на пензискиот систем.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања