Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Владата манипулира дека Изборниот законик е европски услов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library28g7cct78hj942fGqHn

СДСМ ја обвини власта дека манипулира со тврдењата дека недонесувањето на новиот Изборен законик ја блокира европската интеграција на државата, оценувајќи дека Европската Унија не поставила таков услов.

— реклама —

Од партијата велат дека ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата, а не, како што наведуваат, „промена на Изборниот законик по мерка на една партија“.

„Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, конкретните решенија кои во моментов ги турка власта не се обврска кон Европската Унија, ниту претставуваат услов за напредок во преговарачкиот процес. Ова се нивни сопствени предлози, а не европски“, соопшти СДСМ.

— реклама —

Според партијата, предложените законски решенија отвораат простор за манипулации и контрола на изборниот процес, особено во делот на гласањето на дијаспората.

— реклама —

„Наместо да се занимаваме со тоа како да се заштити волјата на граѓаните, се врши притисок да се прифатат решенија кои овозможуваат изборна кражба. Тоа не е напредок кон ЕУ, туку чекор назад кон недемократски практики“, наведуваат од СДСМ.

Од опозициската партија додаваат дека, според нив, вистинската блокада на европскиот пат не доаѓа од опозицијата, туку од власта, која, како што тврдат, не спроведува суштински реформи.

— реклама —

„Фер избори се предуслов за ЕУ, а не закон напишан за да се обезбеди предност за власта. Сè друго е обид да се прикрие сопствената неспособност и корупција зад европската агенда“, порачаа од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања