Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
sdsm-45134

,,Уште неседнати на фотељите, секојдневно ги слушаме функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а сега и Николоски како се жалат и правдаат дека било тешко да се работи заради лошата состојба на буџетот.

— реклама —

Почнаа да бараат алиби сакајќи да го оправдаат неисполнувањето на ветувањата како тоа за покачување на минимланата плата, но и за други.

Владата на СДСМ обезбедуваше во континуитет плати за сите вработени во јавната администрација и претпријатијата во сите седум години и во услови на светски кризи. Граѓаните знаат дека СДСМ цели седум години работеше во апокалиптични економски светски кризи или во економско цунами, ако сакаме да се изразиме со речникот на

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ниеднаш не се пожали за тоа.

— реклама —

На Александар Николоски и Мицкоски им порачуваме да престанат да создаваат слика во јавноста дека се во многу тешка состојба. Очигледно или се неспособни или со трик сакаат да се прикажат дека состојбата била тешка ама ете тие го решиле проблемот.

Овие застарени пропагандни трикови им доликуваат само на инфантилни популистички партии каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Буџет и пари има, им порачуваме да се фатат за работа и не ја замајуваат јавноста.

— реклама —

СДСМ во најтешки економски времиња обезбеди континуирано покачување на платите и пензиите, обебзедивме повеќе од милијарда евра за директна финансиска поддршка на компаниите и граѓаните во кризите и буџет за сите капитални инвестиции. Ако ВМРО-ДПМНЕ не е способна да раководи со буџетот сега кога кризите се зад нас и имаат чиста економска ситуација, тогаш тоа укажува само на голема неспособност.”, велат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања