Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Возач нема моќ да вработува, но Јанушев има, истрагата мора да се прошири

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

СДСМ преку соопштение бара да се прошири истрагата за случајот со возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, кој е осомничен дека барал 1.500 евра за посредување при вработување пожарникар во Град Скопје.

Од опозициската партија велат дека случајот со митото не смее да биде затворен само со постапката против возачот, туку треба да се утврди дали во случајот имало и други лица.

— реклама —

„Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, има“, наведуваат од СДСМ.

— реклама —

Според партијата, фактот што возачот бил фатен со претходно обележани банкноти отвора прашање дали тој дејствувал самостојно или можеби бил посредник за некој друг.

„Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник?“, прашуваат од СДСМ.

— реклама —

Од опозициската партија потсетуваат и на друг случај поврзан со кабинетот на Јанушев. Како што наведуваат, посебен советник за економски прашања во кабинетот на генералниот секретар на Владата бил меѓу осомничените во истрага за лихварство и перење пари.

— реклама —

СДСМ посочува и на прашања поврзани со имотот на Јанушев, неговата фирма во Бугарија и негови соработници, оценувајќи дека станува збор за „премногу скандали“ поврзани со генералниот секретар на Владата.

Од партијата упатуваат и критика до Обвинителството и бараат истрагата да се прошири и да ги опфати сите можни аспекти на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања