Иако системот „Сејф сити“ веќе изрекува автоматски казни за сообраќајни прекршоци, Министерството за внатрешни работи сè уште нема соодветен софтвер преку кој ќе се евидентира нивната наплата, па граѓаните се приморани доказот за платена казна сами да го доставуваат во полициска станица. Со најавеното ново решение, МВР треба конечно да го затвори процесот на дигитализација – од автоматско казнување до електронска наплата, без административни чекори за граѓанитестемот „Безбеден град“, без потреба од физичко доставување на потврдата.
До тогаш, процедурата останува непроменета – по добивање на казна, граѓаните треба да извршат уплата и потоа сами да ја однесат уплатницата како доказ во најблиската полициска станица.
Ваквиот модел на потврдување на плаќањето важеше и досега, и во случаите кога казната била изречена од полициски службеник, при што плаќањето можело да се изврши преку пост-терминал или банкарска трансакција, но доказот повторно се доставувал физички.
Со најавеното ново решение, МВР треба конечно да го затвори процесот на дигитализација – од автоматско казнување до електронска наплата, без административни чекори за граѓаните.