Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вчера се ловеа возачи на мотори: Над 100 се казнети во Скопје за осум саати!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarycdfaiau1l1ltfTvL2ko

Во засилена акциска контрола спроведена во Скопје, полицијата санкционирала 105 возачи на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли, при што најголем дел од прекршоците се однесуваат на неносење заштитен шлем.

— реклама —

Контролата била реализирана на 25 април во периодот од 12 до 20 часот на подрачјата на Центар, Аеродром, Бит Пазар и Чаир, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Од вкупно санкционираните, 50 возачи биле казнети за возење без кацига, 11 за управување велосипед со помошен мотор без соодветна потврда, додека еден возач бил санкциониран за управување мотоцикл со несоодветна категорија.

— реклама —

Полицијата изрекла и една мерка за управување нерегистриран мотоцикл, осум санкции за неносење сообраќајна дозвола, една мерка за движење по несоодветна површина, како и 33 санкции за други видови прекршоци.

— реклама —

За време на контролата, привремено бил одземен еден мотоцикл кој бил нерегистриран повеќе од шест месеци.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ваквите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период.

— реклама —

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштија од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 22 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 23 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 23 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања