Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Се навикнавме на ненормалното! И тоа е најстрашното.

објавено пред 32 минути -

Коментари
media-librarys55eigkvl234e664qID

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

КОЛУМНА | КРИСТИЈАН ЛАНДОВ

По 15 години во новинарството, осум години со „Скопје1“ и три години со „Претрес“, сфаќам една работа: не ми оди да го кажувам она што другите сакаат да го слушнат.

Можеби затоа и ретко пишувам овде. Не бројам лајкови, не мерам вредност преку споделувања и не сакам да собирам симпатии врз туѓи трагедии. Но, има моменти кога молчењето станува потешко од зборувањето.

— реклама —

Ќе бидам краток. Бидејќи навистина ми тежи.

Ужасно е она што го гледам на ТикТок. Приватни животи изложени на тацна. Луѓе чија ранливост станува забава за илјадници гледачи. Деца кои, без да ги разбираат последиците, објавуваат содржини несоодветни за нивната возраст. Понижувањето станува популарност, навредите стануваат забава, а човечкото достоинство се мери во виртуелни подароци - некакви ружи кои се за заработка. И најстрашно од сè, возрасните гледаат, коментираат, се смеат и споделуваат.

Случајот со Билјана од Богданци повторно го отвори најболното прашање: колку вреди човечкиот живот кога институциите не успеваат навреме да препознаат опасност? Сите имаат процедури, сите имаат надлежности, сите имаат објаснувања. А на крајот имаме убиство. Не е доволно институциите да кажат дека постапувале. Прашањето е дали постапиле правилно, дали ја процениле опасноста и дали можеле да спречат трагедија. Затоа што зад секој службен извештај стои нечиј живот, а зад секое задоцнето реагирање може да остане семејство кое никогаш повеќе нема да биде исто.

Државава со денови не може да најде решение ниту за кравите што слободно се движат низ Крива Паланка. Звучи како лоша шега, но не е. Тоа е прашање на јавна безбедност, одговорност и функционалност на системот. Ако за ваков проблем институциите си ја префрлаат надлежноста, што да очекуваме кога ќе се соочат со нешто многу посериозно? Не верувам дека сме народ без способни луѓе. Напротив. Верувам дека премногу способни луѓе стојат настрана, додека функциите неретко се поважни од резултатите.

— реклама —

А Кочани? Кочани не е вест што помина. Родителите најдобро знаат што значи тоа. Ние немаме право да се умориме од барањето вистина и одговорност. Затоа што најголемото предавство кон жртвите би било да дозволиме времето да го направи она што институциите не смеат — да го затворат случајот во јавната свест пред да бидат дадени сите одговори.

И знаете што е заедничко за сите овие случувања?

Нормализацијата на ненормалното.

— реклама —

Се навикнавме на трагедии. Се навикнавме на оправдувања. Се навикнавме никој да не биде виновен, сите да бидат надлежни само на хартија, а кога ќе се случи најлошото, одговорноста да исчезне некаде меѓу два службени дописи.

Не сакам да живеам во општество во кое треба да се случи трагедија за некој да си ја заврши работата. Во кое жртвите мора да станат вести или статус за институциите да се разбудат.

Можеби сум премногу директен. Али секогаш велам, sorry but not sorry, ама не ми треба општество во кое сите се согласуваат со мене. Ми треба општество во кое човечкиот живот вреди повеќе од функцијата, партијата, рејтингот и лајковите.

И на крајот, најмногу ме плаши што полека престануваме да се шокираме.

— реклама —

Едукација, едукација, едукација, едукација!

Не Тикток, не Инстаграм! ЕДУКАЦИЈА!

Потфрламе, прво по дома, потоа по улици, по Интернетов, по институции..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7ufkpc8daig3zGgkHR

Сопствената мајка почнал да ја боде со нож, па потоа со ножици: Жител на Богданци е под истрага за свирепо убиство

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
lefkada-brza-pomos

Тешка сообраќајна несреќа кај Богданци – возач загина откако излетал од патот!

Македонија | пред 1 година

viber_image_2023-08-03_19-28-31-835

Пожарот кај Богданци е ставен под контрола

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања