Се огласи пратеникот Јанчев за сообраќајката каде загина дете: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryem6581b6r793fZM85Bb

Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, преку јавно обраќање реагираше на, како што наведува, „координираните политички и медиумски напади“ по поднесеното обвинение за сообраќајната несреќа, каде според Обвинителството пресекол пат на малолетници со мотоцикл, при што едно дете загинало. Јанчев истакна дека свесно молчел од почит кон семејствата и лицата кои биле директно или индиректно засегнати од несреќата, нагласувајќи дека по вакви настани повторното јавно навраќање на деталите носи дополнителна траума.

— реклама —

„Жал ми е за сѐ што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на тоа. Веднаш по настанот пружив помош и повикав итна медицинска помош, правејќи сѐ што беше можно во тој момент“, наведува Јанчев.

Тој потенцира дека Итната медицинска помош пристигнала по околу 50 минути, како и дека бил единствениот легален учесник во сообраќајот во конкретната несреќа.

— реклама —

Пратеникот остро реагираше на обвинувањата кои, според него, биле пласирани уште истиот ден преку медиуми блиски до власта, дека бил пијан, дрогиран или дека возел со прекумерна брзина.

„Ништо од тоа не е точно. Не сум возел бесен џип, како што беше пласирано во јавноста со фотографии од луксузни возила. Моето возило е старо 20 години“, нагласи Јанчев.

Тој посочи дека уште истиот ден бил јавно осуден од ВМРО-ДПМНЕ преку партиска прес-конференција. Дополнително, реагираше и на изјава на премиерот, за која тврди дека содржела „суптилна закана со обвинителство“.

Јанчев изјави дека постои обид преку медиумска кампања да се наметне наратив дека тој „прегазил лице“, што, како што рече, не соодветствува со фактите.

„Да прегазиш некого значи да поминеш преку него, а тоа во овој случај не се случило“, наведе пратеникот.

Тој додаде дека од страна на пратеници од власта добил и директна закана дека ќе биде мета на напади поради работата на Анкетната комисија за пожарот во Кочани, оценувајќи дека сообраќајната несреќа се користи како средство за политички притисок.

Во врска со прашањето за пратеничкиот имунитет, Јанчев нагласи дека ниту се повикал, ниту имал намера да се повика на имунитет, потсетувајќи дека тој не претставува заштита од кривична одговорност.

„Сето ова се прави без никаква чувствителност, иако во оваа приказна не сум само јас – има и настрадани лица и многу потресени семејства. Уште еднаш жал ми е за сѐ што се случи и не знам зошто мораше да се случи“, порача Јанчев.

media-library6kbs44i686i0eZQVmRj

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение: свртел на место каде немал првенство на минување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.Постапката продолжува пред надлежен суд.

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zakani

Јанчев: 700 лица во локал за 200, не дозволувам Кочани сценарио

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygs6f97ie7njv6JjPN0x

(ВО ЖИВО) Јанчев: Мицковски е добар лидер и демократ, мојата изјава во 2020 сите да бидеме како Заев беше лицемерна

Скопје | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-28-at-09.44.03

(Видео) Го правите Кавадарци да личи на Врање, ја омаловаживте естрадата, еве тече песната „страдаме од нашите душмани“, му рече Силјановски на Јанчев

Магазин | пред 5 месеци

mitko

Јанчев ја откачи Карлеуша за Ламбе

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања