„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Се отвори „Винтерленд“ - првата новогодишна населба во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Со вeчерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ и светнувањето на новогодишната елка на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Настанот беше придружен со божиќните песни во изведба на 140 ученици од средношколскиот хор, од девет средни училишта на Град Скопје. Учениците на плоштадот „Македонија“ пристигнаа придружувани од членовите на Градскиот дувачки оркестар кој изведе краток параден концерт од Старата железничка станица, низ улицата Македонија до плоштадот.

— реклама —

Новогодишната населба доби куќички украсени во зимски амбиент, катчиња за забава за најмладите, како и мала сцена за настани наменета за посетителите од сите возрасти на која во претстојниот период ќе се одржува богата културна програма. Во рамките на „Винтерленд“, во периодот по 15-ти декември секојдневно ќе се организира богата културна програма од 18 до 23 часот. Просторот околу елката е организиран како дел за храна и пијалоци, каде што граѓаните ќе може да се дружат и да уживаат во понудата на околните куќички.

— реклама —

Топот за вештачки снег и лизгалиштето на мраз се новина во новогодишниот концепт на плоштадот „Македонија“ што од следната недела се очекува да бидат атракција во новогодишната релаксација на посетителите.

 

Градот Скопје ги повикува граѓаните да го посетат „Винтерленд“ и сите заедно да ја доживеат новогодишната атмосфера организирана по примерот на останатите европски плоштади.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања