Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Се подготвува најсилниот удар досега: ЕУ најавува нови санкции против Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarya1be4hmuknmef73E93U
Russian Foreign Ministry's official account

Европската Унија подготвува нов, досега најсеопфатен пакет санкции против Русија, кој би можел значително да го зголеми бројот на руски компании, организации и поединци опфатени со европските мерки. Најавата ја даде високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“.

— реклама —

Калас најави дека за есен предлага „најдалекусежна“ листа на санкции од почетокот на војната во Украина. Доколку пакетот биде усвоен, вкупниот број санкционирани руски субјекти би се зголемил за една третина. Таа не откри детали за тоа кои конкретни лица и организации би биле опфатени, ниту кога точно би бил претставен пакетот.

— реклама —
— реклама —

Според Калас, досегашните санкции на ЕУ веќе ја чинеле руската воена машина повеќе од еден билион евра. Таа порача дека притисокот врз Москва мора да продолжи да се зголемува сè додека Русија не ја прекине војната.

— реклама —

ЕУ во јули го усвои последниот пакет санкции против Русија, со дополнителни ограничувања насочени кон банкарскиот сектор и мрежи поврзани со криптовалути. Новите мерки би претставувале дополнително заострување на европскиот економски и политички притисок врз Москва.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 2 часа

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 1 ден

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 3 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања