Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Се помалку Европејци веруваат во победа на Украина, тие бараат компромисно решение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
eu-1

Поддршката за Украина меѓу Европејците останува единствена, но речиси две години по почетокот на руската инвазија, само 10% од Европејците веруваат дека Украина може да ја победи Русија, покажува истражувањето спроведено во 12 земји од ЕУ, пишува Гардијан. Повеќето веруваат дека ќе треба да се најде некаков вид на компромис за да се стави крај на војната.

Ова означува делумна промена во размислувањето, бидејќи пред една година мнозинството Европејци веруваа дека Украина треба да ја врати сета изгубена територија, но оваа година тие изгледаат склони кон пореален пристап и се фокусираа на постигнување мир. Прашањето е, сепак, што значи да се склучи примирје што би било прифатливо без да биде означено како украински пораз.

— реклама —

„За да ја оправдаат континуираната поддршка за Украина, лидерите на ЕУ ќе треба да го променат начинот на кој зборуваат за војната“, рече коавторот на студијата Марк Леонард од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), кој ја предводеше анкетата.

Повеќето Европејци се „очајни да спречат руска победа“, но не веруваат дека Киев може да победи воено, рече Леонард, што значи дека најубедливиот аргумент за сè поскептичната јавност беше дека континуираната помош „може да доведе до одржлив, заемно корисен мир Киев, а не Русија“.

— реклама —

Истражувањето спроведено во 12 земји-членки на ЕУ (Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија, Шведска, Романија, Португалија, Грција, Австрија) покажа дека неуспешните украински контраофанзиви и стравувањата од промена на американската политика со евентуалното доаѓање на Доналд Трамп го зголеми песимизмот кај европските жители.

Анкетата беше спроведена во јануари, пред повлекувањето на Украина од Авдиивка, каде Русија ја постигна најзначајната воена победа од заземањето на Бахмут минатиот мај.

— реклама —

Истражувањето покажа дека само еден од 10 Европејци во 12-те анкетирани земји верува дека Украина ќе победи на бојното поле, додека двојно повеќе (20%) предвидуваат победа на Русија. Дури и во најоптимистичките земји-членки како Полска, Шведска и Португалија, само 17% од испитаниците (1 од 5) веруваат дека Киев може да надвладее.

Во сите земји, најчесто мислењето, кое го делат просечно 37 отсто од испитаниците, беше дека војната ќе заврши со компромисно решение, иако некои земји беа повеќе наклонети кон тој исход од другите.

— реклама —

Во Шведска (50%), Португалија (48%) и Полска (47%), испитаниците рекоа дека Европа треба да и помогне на Украина да ги постигне своите цели, додека во Унгарија (64%), Грција (59%), Италија (52%) ) и Австрија (49%), испитаниците биле повеќе наклонети кон некаков вид на спогодување меѓу Киев и Москва. Во Франција, Германија, Холандија и Шпанија мислењата беа порамномерно поделени.

Најголем предизвик, велат истражувачите, ќе биде да се одреди кој би бил „прифатлив мир“ за Украина. Тие тврдат дека реториката на ЕУ треба да оди во таа насока, а не повеќе со цел апсолутна победа на Украина. Но, ќе биде тешко да се најде решение кое нема да биде сфатено и како украински пораз и како руска победа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryage971jd357l6uyNUBZ

Жена во Русија прогласена за мртва, два часа подоцна ја откриле жива во мртовечница – лекарот уапсен

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Путин наводно прифатил безбедносни гаранции за Украина по примерот на членот 5 на НАТО, но поставил услов

Свет | пред 1 ден

media-libraryuidl2tpvr50v4M7V5Sd

Русија губи повеќе војници отколку што регрутира: До 35.000 жртви месечно, тврди американски дипломат

Свет | пред 2 дена

media-librarysq4e7q9pfq8tbS0EOWO

Како се готви во вселената? Русија подготвува необична книга со рецепти

Магазин | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања