Промени тема
Контакт

Се поврзуваат 40-те тони марухуана од Македонија со српските 5 тони - нови информации од обвинителството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library28plki67uefgeTxR3CO

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиов период, а во која досега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството соопшти дека континуирано презема активности во координација со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство.

— реклама —

Од обвинителството информираат дека постапувањето се одвива во постојана соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и со други јавни обвинителства со месна и стварна надлежност, кои постапуваат по предмети за кривични дела утврдени во Законот за контрола на опојни дроги.

— реклама —

Во насока на целосно утврдување на сите релевантни факти и околности, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција воспоставил комуникација со Обвинителството за организиран криминал на Република Србија. Целта на оваа соработка е размена на информации од значење за постапката, кои треба да помогнат во утврдувањето на евентуална поврзаност меѓу случаите во двете држави и потеклото на запленетата марихуана.

— реклама —

Паралелно со меѓународната соработка, јавниот обвинител од ОЈО ГОКК презема и други дејствија во рамки на своите законски надлежности, меѓу кои и сослушување лица во својство на сведоци, со цел прибирање докази и утврдување факти што се од суштинско значење за постапката.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нагласуваат дека, заедно со надлежните институции, продолжуваат со преземање на сите неопходни дејствија за целосно расчистување на случајот, при што јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана за текот и исходот на истрагата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymqb4ql6p874feD3Wk6D

(Видео) Македонија, Косово и Грција во заедничка акција: Уапсени повеќе лица, запленети 300 килограми марихуана

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library73gfoge86c3a2DFj7L5

Татко и син фатени со пет килограми марихуана: Дрога и дигитални ваги пронајдени при претреси во Скопје и Арачиново

Скопје | пред 2 месеци

UaYct-

Затвореник од Идризово фатен со марихуана за време на викенд-отсуство

Македонија | пред 5 месеци

media-librarycmmi2693vagt6MRRAbT

Поранешни претседатели на ограноци на СДСМ се вмешани во трговијата со марихуана, случајот се продлабочува, вели Мицкоски

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања