Се расчистува голема дива депонија во општината Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
zavrsna-akcija-proletno-cistenje-Shuto-Orizari-2

Град Скопје заедно со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.

— реклама —

„Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја улиците Шуто Оризари и Нов живот, сите автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.

— реклама —

Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско - косовска бригада.

— реклама —

Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило во координација со општинските служби ги искосија тревните површини во средното училиште СУГС „Шаип Јусуф“ и во основните училишта ООУ „Браќа Рамиз –Хамид“ и „26 Јули“. Искосени се тревните површини на улицата Индира Ганди, како и зеленилото кај поштата и зеленилото кај самата општина.

Во рамките на акцијата во оваа општина екипите од Сектор дрвореди извршија интервенции на булеварот Македонско - косовска бригада (во дворот на Жито Лукс АД), односно кастрење на 17 дрвја по издадено Решение од Град Скопје“, велат оттаму.

Тие додаваат:

„Екипите на ЈП Улици и патишта во големата пролетна работна акција во општината извршија санација на ударните дупки, со вкупна површина од околу 75 квадратни метри, од кои на улицата Индира Ганди 37 квадратни метри и 35 квадратни метри на улицата Гвадалахара. Санирани се оштетените бекатон плочи на пешачки патеки со вкупна површина од 46 квадратни метри кај пазарот и во насока кон затворот во Шуто Оризари. На улицата Индира Ганди се санирани и нивелирани и три канализациони шахти. Обновена е вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема со нови десет сообраќајни знаци и две платоа за смирување на сообраќајот на улицата Индира Ганди.

Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Шуто Оризари за време на акцијата работеше на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улиците Идира Ганди и Нов живот. На улицата Индира Ганди извршија контрола на 32 шахти, од кои рачно се исчистени 15 шахти и 25 сливници, миење на канализациона линија од 220 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 250 метри со цистерна под притисок.

Тимовите на ЈП Лајка во текот на акцијата на пет локации на територијата на општината Шуто Оризари заловиле 9 кучиња.

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Шуто Оризари го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираше на територијата на целата општина.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари пролетната акција ја спроведуваше од 3 до 6 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Центар“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски најавува Луна парк, реконструкција на улици и прва подземна сообраќајница во Скопје

Скопје | пред 20 часа

media-library8cr0dsir2fnm5BZlPv5

Тобакото до ЗОО-Скопје се издава 117 евра месечно, а Скопје на пат да плаќа над милион евра оти почнала со рушење на галија два дена пред истек на концесија

Скопје | пред 1 ден

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Скопје | пред 1 ден

media-librarya333e1p5k8bf8sNrKCW

Забрзани работи на клучните сообраќајни точки во Скопје, најавен тендер за „Борис Трајковски“

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања