Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Се укинува банкнотата од 500 евра во новата серија банкноти на еврото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
500-evra

Проектот за редизајн на новата серија евробанкноти, што Европската централна банка (ЕЦБ) го започна кон крајот на 2021 година, влезе во завршна фаза од процесот на дизајнирање.

— реклама —

Во јули минатата година Европската централна банка распиша конкурс за европски графички дизајнери со цел собирање визуелни предлози за новиот изглед на банкнотите.

— реклама —

Рокот за доставување на конечните решенија од избраните дизајнери е крајот на овој месец. По тоа, предлозите ќе бидат разгледани од стручно жири, а потоа и од Управниот совет на Европската централна банка.

Централната банка уште во 2021 година најави развој на нова серија банкноти, а во 2023 година беше соопштено дека редизајнот ќе се базира на две теми: „Европска култура“ и „Реки и птици“.

— реклама —

Според Европската централна банка, целта на проектот е да се обезбеди поголема безбедност, одржливост и еколошка прифатливост на банкнотите, како и да се подобри нивната пристапност и инклузивност.

Во новата серија е предвидено укинување на банкнотата од 500 евра, мерка која има за цел намалување на ризиците од перење пари и подобра контрола на финансиските текови. Сепак, постојните банкноти од овој апоен ќе останат во оптек и ќе продолжат да важат како средство за плаќање, без најавен рок за нивно повлекување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

plata-evra

Еврото падна на најниско ниво во последните 16 месеци во однос на доларот

Свет | пред 6 дена

— реклама —
evra

Слабото евро може да ја поскапи нафтата и увозот во Македонија: што значи падот на европската валута за граѓаните

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot_3-Copy-32

Доларот зајакнува, еврото паѓа на најниско ниво во последните 16 месеци

Свет | пред 3 седмици

media-librarycmrjsq39gvph4X4thkF

(Видео) Како ќе изгледаат новите евробанкноти? Граѓаните избираат меѓу личности и птици

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања