Промени тема
Контакт

Се вратило од училиште и затекнало празен стан: Дете од Тексас останало само, мајката го напуштила и заминала со нејзиниот партнер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryc77kv9o20asg14OCsR4
Copperas Cove Police Department

Мајка и нејзиното момче од сојузната држава Тексас се уапсени под обвинение дека го напуштиле нејзиниот 12-годишен син, откако се иселиле од станот додека тој бил на училиште, без да го известат за своите намери. Двајцата наводно го испразниле домот и ги однеле речиси сите работи, па кога детето се вратило дома, затекнало празен стан, објави UNILAD.

Случајот бил пријавен во полицијата во градот Копeрас Коув на 17 октомври од директорот на училиштето што го посетувал момчето. Кога полицајците разговарале со детето, тој им рекол дека не знаел ништо за плановите за преселба и дека по враќањето од училиште затекнал стан без мебел и предмети што наутро биле таму. Службениците ја потврдиле неговата приказна, опишувајќи го домот како „празен и целосно опустошен“.

Соседите на парот, исто така, разговарале со властите и изјавиле дека тие и претходно знаеле да го избркаат момчето од дома. Детето потврдило дека му спомнале „дека во некој момент ќе се преселат“, но никогаш не му кажале кога тоа ќе се случи.

— реклама —

Уапсениот Кевин Двејн Адамс негирал дека неговата девојка, Ерика Рене Сандерс, го напуштила синот. „Ние сега живееме заедно, а нејзиниот син не е добредојден во мојот дом“, изјавил тој. Од друга страна, мајката на момчето рекла дека нејзиниот брат, односно вујкото на детето, требало да го земе по завршувањето на часовите.

Сепак, таа не можела да обезбеди никакви контакт-податоци или дополнителни информации за братот. Потоа Адамс дал спротивставена изјава, тврдејќи дека тој самиот требало да го земе 12-годишното дете и да го однесе кај вујкото. Бидејќи поминале неколку часа, а никој не се појавил, властите конечно успеале да стапат во контакт со девојката на вујкото, која потврдила дека тој воопшто не знаел дека треба да го преземе момчето.

— реклама —

Детето било привремено згрижено од Службата за заштита на децата, која подоцна, од непознати причини, наложила повторно да му се довери на грижа на Адамс. Тој го презел детето истата вечер околу 21:30 часот, но кратко потоа парот бил уапсен.

— реклама —

Мајката и нејзиното момче се обвинети за напуштање и загрозување на дете со намера да не се вратат. Според судските записи, момчето на крај било згрижено кај својот вујко.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8kqomt7b1v0l3mH8eqc

(Видео) Едно празно кутивче за ручек и цело одделение кое реши да помогне

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryv0f5k9eunluq0RIfGTS

Истражување: Децата што растат со кучиња имаат посилен имунитет

Трендови | пред 1 месец

media-libraryi3jf2rmth9944Z9v0SB

Две деца нападнати во училишен двор во Струга, поднесени кривични пријави

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryr9skja2c193f7jTHJHt

Што навистина се крие зад „лошото“ однесување кај децата?

Магазин | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања