Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Се заканувал дека ќе ги убие сопругата и децата, пуштил и куче врз нивните роднини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишен скопјанец, осомничен за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста и предизвикување општа опасност, по инцидент на семејно насилство што се случил синоќа во неговиот дом.

— реклама —

Според Обвинителството, околу полноќ осомничениот физички ја нападнал сопругата и нејзината мајка, а потоа почнал да вика и да им се заканува на сопругата и на нивните две малолетни деца, на возраст од шест и четири години. Кога сопругата побарала да престане, тој ја оттурнал и ѝ нанел телесни повреди.

— реклама —

Во нападот продолжил да крши покуќнина, а со клуб маса замавнал кон мајката на сопругата, при што ја повредил во пределот на ногата и градниот кош. Осомничениот се заканувал дека ќе ги убие сите присутни, па дури и дека ќе го задави сопственото дете. Во еден момент извадил нож и замавнувал со него, предизвикувајќи страв и чувство на загрозеност кај оштетените.

— реклама —

Сопругата успеала телефонски да ги повика нејзиниот татко и брат, но осомничениот продолжил да им се заканува и ним. Потоа од боксот во дворот го пуштил своето куче од расата шарпланинец, кое нападнало еден од оштетените и го гризнало за надлактицата и потколеницата, нанесувајќи му повреди.

— реклама —

Имајќи ги предвид тежината на дејствијата, опасноста од бегство и можноста осомничениот да го повтори насилството, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarybami3fdjcs25eeAiKZp

Потрага по скопјанец кој скокнал во Преспанското Езеро по веслата и не излегол од водата

Македонија | пред 9 часа

media-libraryv24ll7t5htqvbRI2J13

(Видео) Детали за сообраќајката во која возило излета од булевар во Аеродром и се заби во канделабра

Скопје | пред 12 часа

media-librarytplgk73t27g53DmGrm3

Возеле без дозвола, пијани или со забрана: 15 лица приведени во едно деноноќие

Македонија | пред 12 часа

IMG_4256

Уапсен 19-годишник: преку социјалните мрежи испраќал навредливи пораки и експлицитни снимки од поранешната девојка

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања