Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Се зголемуваат цените на бензинот и дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година.

— реклама —

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 5,417%, кај дизелот зголемувањето е за 3,508%, кај екстра лесното масло исто има зголемувањето од 3,971% и кај мазутот зголемувањето за 0,971%.

— реклама —

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4032%.

— реклама —

Од 15.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 78,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 80,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 44,507 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.10.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarym4c83rpodqf60ZHuLLp

Бензинот во САД поскапе за 24% од почетокот на војната со Иран

Свет | пред 1 седмица

media-library8akocfeba3pd9BLOBF1

(Видео) Првите ефекти од ценовниот шок на бензинските

Македонија | пред 2 седмици

media-library5198q57to57s52aHY9C

Има поплаки од возачи дека на некои бензински не се точи дизел или има ограничување, но институциите уверуваат дека гориво има

Македонија | пред 2 седмици

benzinska-benzin-nafta-12

Цените на дизелот и екстра лесното масло пораснаа за 2 денари, бензините остануваат исти

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања