Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Седум лица приведени во Скопје и гостиварско, кај нив пронајдена дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Седум лица биле лишени од слобода во изминатото деноноќие во Скопје и гостиварско, откако кај нив била пронајдена и одземена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 20 јуни во 10:30 часот, на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.С. (21) од Скопје, кај кого била пронајдена марихуана.

— реклама —

Истиот ден, во 12:20 часот во Карпош, бил приведен и М.Р. (23) од Скопје, откако кај него била пронајдена прашкаста материја.

— реклама —

Во 19:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р. (29) од Скопје, кај кого исто така била пронајдена марихуана.

Во раните утрински часови на 21 јуни, околу 03:00 часот во Центар, бил приведен А.Ч. (22) од Скопје, кај кого била пронајдена бела грутчеста материја.

— реклама —

Претходно, на 20 јуни во 23:50 часот на Бит Пазар, бил приведен Х.А. (25) од Скопје поради поседување марихуана, а на 21 јуни во 00:45 часот, на истото подрачје, бил лишен од слобода и Е.О. (22) од Скопје, кај кого исто така била пронајдена марихуана.

— реклама —

Во гостиварско, на 20 јуни во 17:30 часот во селото Палчиште, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го привеле Л.С. (21) од село Долно Палчиште. Според МВР, откако ги забележал полициските службеници, тој фрлил пакување со марихуана, кое подоцна било пронајдено и одземено.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против сите приведени ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 11 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 11 час

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања