Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема“, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7kafgtnue3t2a3bRHDL

СДСМ преку соопштение обвини дека институциите не даваат одговори за низа здравствени проблеми, посочувајќи ги труењето со вода во Гостивар и смртните случаи од западнонилска треска како примери за, како што велат, задоцнета реакција и недостиг на одговорност.

Од партијата велат дека поминале осум недели од случајот со водата во Гостивар, по кој, според нив, околу 5.000 граѓани завршиле во болница, но сè уште нема објавен извештај за безбедноста на водата ниту одговор кој е одговорен за состојбата.

— реклама —

СДСМ посочува дека во околу 50 населени места низ земјава биле регистрирани проблеми поврзани со безбедноста на водата, како и дека проблеми имало со четири реки и локални извори кои ги користат граѓаните.

— реклама —

„Одговори нема, одговорност нема“, велат од СДСМ.

Во партиското соопштение се поврзуваат и актуелните случаи на западнонилска треска со, како што тврдат од СДСМ, институционални пропусти. Од партијата посочуваат дека досега седум лица починале од болеста.

— реклама —

Според СДСМ, власта задоцнила со реакцијата, мерките и прскањето против комарци, поради што бараат одговорност од надлежните институции и функционерите.

— реклама —

„За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата порачаа дека премиерот Христијан Мицкоски и функционерите во Владата должат одговори за состојбите, а институциите треба да преземат соодветни мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 21 час

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 22 часа

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот - до толку ли ја испразни Мицкоски државната каса?“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања