Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Седум возачи приведени за едно деноноќие: Возеле пијани, без дозвола или со забрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ
ФБ

Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода седум возачи на територијата на државата поради безобѕирно управување со моторни возила, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите на МВР, тројца од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, тројца возеле под дејство на алкохол, додека едно лице управувало возило и покрај тоа што му била изречена забрана за управување.

Во Скопје, Кавадарци и Охрид биле затекнати лица кои возеле без положен возачки испит. Од нив, лицето во Охрид предизвикало и сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со повреди.

— реклама —

Во Виница, Прилеп и Скопје биле приведени возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.

— реклама —

Дополнително, во Кичево било лишено од слобода лице кое управувало возило иако за него била изречена активна забрана за управување.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без возачка дозвола, доколку имаат изречена забрана за возење или доколку се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 8 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 8 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 8 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 8 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања