Промени тема
Контакт

Сејф сити регистрираше 4910 прекршоци, најмногу за брзо возење и поминување на црвено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Во периодот од 16.02.2026 до 22.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4.910 прекршоци.

— реклама —

„Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за минување на затворен сигнал (црвено светло) 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5% во споредба со минатата седмица кога беа регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал, а за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.

— реклама —
— реклама —

Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20.9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“. Од 117 мерки кои беа изречени изминатата седмица 16 се за „минување на црвено светло“, а 101 се за „брзо возење“, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

— реклама —

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта“, информираат од МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Приведен 25-годишник од Старо Нагоричане поради предизвикување пожар

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
media-library0it64005bv9c5Mu8fLE

Со специјални очила им покажуваа на возачите како алкохолот влијае врз нивните способности

Македонија | пред 11 час

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 21 час

media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања