Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема“, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryq8u6p62g14m57v5a5gU

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека во новиот Закон за правична застапеност нема да бидат пресудни процентите, туку квалитетот на кадарот, додавајќи дека очекува поддршка од сите пратеници.

Одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи, премиерот истакна дека секој граѓанин има право да го користи својот мајчин јазик, но оцени дека дел од политичарите се обидуваат да создадат етнички конфликт каде што, според него, не постои.

— реклама —

„Секој има право да го користи својот мајчин јазик. Но, некој се обидува да создава етнички конфликт каде што го нема“, рече Мицкоски.

— реклама —

Во однос на правосудниот испит, премиерот посочи дека законот не пропишува на кој јазик се полага, туку тоа прашање го регулира министерот за правда.

Тој ги критикуваше организаторите на протестите поврзани со правосудниот испит, оценувајќи дека испратиле „лош пример“ и дека не истакнале државно знаме на протестот.

— реклама —

Мицкоски се осврна и на улогата на Венецијанската комисија, нагласувајќи дека станува збор за важно тело во рамки на европската методологија за преговори.

— реклама —

„Не сакам да ги гледам луѓето низ проценти, туку низ квалитет и низ објективна оптика“, изјави премиерот.

Тој најави дека Законот за правична застапеност наскоро ќе се најде пред пратениците во Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања