ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
sela-vo-pretres-3

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вели дека се потребни конкретни чекори и политичка одговорност за, како што вели, прекршувањата на правата на Албанците.

— реклама —

„Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат.
Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги прекршил и законите и самиот Устав како највисок правен акт во земјата.
Вториот факт што постојано го браневме, верувајќи во нашата посветеност и во правдата, е дека со измените на Законот за употреба на јазиците од 2018 година, што беше услов на АА за Владата во тоа време, албанскиот јазик е службен јазик низ целата земја и на централно ниво.

Сепак, Алијансата за Албанците оценува дека само изјавата на премиерот не е доволна за затворање на овие теми, туку се потребни и конкретни акции во корист на граѓаните и спроведување на законите.

— реклама —

Прво, поединци како што е актуелниот министер за правда и сите други кои отворено заземаа ставови против албанскиот јазик и правата на Албанците треба да се отстранат од институциите и политичката сцена, за да не се повторат вакви случаи во иднина.

Потоа, итно треба да се покрене постапка за измена на сите закони и подзаконски акти кои мора да се усогласат со Законот за употреба на јазиците и Амандманот V од Уставот.

Доколку тоа не се случи, денешната изјава на шефот на Владата може да се оцени само како обид да се однесува како умерен и добар политичар кон Албанците, во време кога Владата и институциите постапуваат спротивно“, вели Зијадин Села.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mepso

Алијансата за Албанците: ВЛЕН го отвора патот за српско влијание во стратешкиот енергетски сектор – скандал во МЕПСО

Македонија | пред 4 месеци

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија?

Македонија | пред 6 месеци

sela-2

Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села: Мицкоски со изјавата за УЧК ги провоцира Албанците

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-11-29-134250

(Видео) Алијанса за Албанците: МВР треба да ги открие и сторителите на палењето на албанското знаме, ВРЕДИ не се осмелува ни да го спомне

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања