Промени тема
Контакт

„Семејните и личните интереси на обвинителите Коларевиќ и Абази, ги амнестираше осомничените блиски до СДС и ДУИ за случајот „Мазут“ вреден 167 милиони евра“, вели Лефков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryp0lee4ruls0t7YerJS9

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес-конференцијата повторно упати обвинувања кон обвинителите Катерина Коларевиќ и Ислам Абази, тврдејќи дека со прекинувањето на постапката за случајот „Мазут“ биле заштитени лица блиски до СДСМ и ДУИ.

Според Лефков, случајот, кој според него е вреден 167 милиони евра, не завршил во судница, туку бил запрен уште во обвинителството.

— реклама —

„Не беа доволни извештаите на ДЗР, не беа доволни докази од МВР, не беше доволно тоа што се труеше народот“, изјави Лефков.

Тој во обраќањето се осврна и на, како што рече, семејните и политичките врски на обвинителите.

— реклама —

За Катерина Коларевиќ посочи дека нејзините родители биле избрани на државни функции од влади предводени од СДСМ, додека за Абази рече дека има блиски релации со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

— реклама —

„Оваа коалиција на Коларевиќ и Абази од обвинителството, ја спаси коалицијата на СДС и ДУИ во политиката“, рече Лефков.

Тој постави и прашања дали зад прекинот на постапката стојат финансиски мотиви и зошто, според него, Советот на јавни обвинители не реагирал.

— реклама —

Во изјавата Лефков го спомена и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, прашувајќи зошто СДСМ не побарал негово враќање во Македонија.

„Правда мора да има. Обвинителството не смее да биде засолниште за кадрите на СДС и ДУИ“, порача Лефков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library77ke8e4artdn8yzAQfM

(Видео) Лефков ќе го пријавува Фрчковски: Нема играчки со оваа Влада, доаѓа тешко време за тие со пороци

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryfp25jhtgimhs0uVbyWP

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Македонија | пред 1 месец

media-library24ubprpnhmtlb1oaiUB

(Видео) Лефков: Еден месец СДС бега од вистината, а таа е дека заедно со Лимани ја делат локалната власт, а со тоа и одговорноста за Гостивар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryvle5a30ce9i72ESJSCs

Лефков: Филипче и „лојалистите“ повторно се вратија на политиката на поделби

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања