Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Серија контроли во Тетовско: Лишени од слобода неколку возачи без дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
vozacka-1

На 29 и 30.04.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово и поширокиот регион спровеле повеќе контроли во сообраќајот, при што биле лишени од слобода повеќе лица кои управувале возила без возачка дозвола.

— реклама —

На регионалниот пат Тетово – село Волковија, бил запрен мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 33-годишен жител на Тетово, кој немал возачка дозвола. Тој бил лишен од слобода, а мотоциклот е одземен.

— реклама —

Во Тетово, на улицата „ЈНА“, бил запрен четирицикл управуван од 15-годишен малолетник од село Порој, додека во село Желино бил запрен мотоцикл управуван од 14-годишник од село Стримница. И во двата случаи лицата биле лишени од слобода, а возилата одземени.

На магистралниот пат Гостивар – Стража, полициски службеници лишиле од слобода 23-годишник од село Беловиште, кој управувал автомобил без возачка дозвола.

— реклама —

Исто така, на улицата „Маршал Тито“ во Тетово бил запрен уште еден мотоцикл управуван од 25-годишник од Тетово, кој исто така немал дозвола за управување.

— реклама —

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 19 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 19 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања