Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Серија кражби во Боговиње: од куќи краделе пари, злато и оружје, а однеле и сеф тежок 400 килограми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library504h3sor75i1c1zwuYt
Илустрација / Скопје1

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против четири лица осомничени за продолжено кривично дело – тешка кражба. Според обвинителството, тие во периодот од април до септември годинава извршиле повеќе кражби во села на подрачјето на Општина Боговиње.

— реклама —

Осомничените, според досегашните сознанија, провалиле во повеќе од 10 куќи, од каде што одзеле пари, златен накит и различно огнено оружје што сопствениците го поседувале со дозвола.

— реклама —

При една од кражбите во селото Палчиште, од домот на оштетениот успеале да изнесат и сеф тежок околу 400 килограми.

— реклама —

Вкупната вредност на досега украдените предмети се проценува на околу 15 милиони денари.

— реклама —

Јавниот обвинител продолжува со интензивно обезбедување докази за сите пријавени случаи. По предлог на обвинителството, на двајца од осомничените им е определен краткотраен притвор од 48 часа, додека по другите двајца се трага. За нив притворот ќе започне да се смета од моментот на пронаоѓањето и лишувањето од слобода.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 1 седмица

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 3 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања