Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Серија насилни инциденти во Македонија: Мајка ја нападнала ќерката со тврд предмет, ученик претепан од соученик, маж ја тепал сопругата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 41 минута -

Македонија
media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Повеќе случаи на физички напади врз малолетници и возрасни лица биле пријавени во полицијата, а во два од случаите се поднесени кривични пријави за телесна повреда и непочитување судска одлука, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На 21 октомври, 41-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка во сендвичарница во Ѓорче Петров. Според пријавата, нападот се случил ден претходно, околу 15 часот.

— реклама —

Истиот ден, 36-годишен скопјанец пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од соученик на подрачјето на Карпош на 19 октомври. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Во Берово е поднесена кривична пријава против 52-годишна жена од селото Ратево, осомничена за телесна повреда и неизвршување судска одлука. Според МВР, на 9 октомври таа со тврд предмет ја нападнала својата малолетна ќерка, со што не постапила според решение на Основниот суд во Берово донесено во постапка за заштита на права.

— реклама —

Во Скопје, пак, 18-годишник пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од две лица што ги познавал. Настанот бил пријавен на 21 октомври, околу 18:50 часот, а полицијата презема мерки за расчистување.

Кривична пријава е поднесена и против 46-годишен жител на гостиварско, осомничен за телесна повреда. Според пријавата, на 5 септември во семејниот дом физички ја нападнал сопругата, при што употребил и разни предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya4m2v5agpe4j9xFAm3A

Возач на електричен тротинет удрил 71-годишна жена и избегал

Македонија | пред 45 минути

— реклама —
hitna_pomoc

Примиле повик за повредено лице, но не испратиле медицинска екипа – кривична за двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово

Македонија | пред 47 минути

uapsen

Седум возачи уапсени: возеле без возачка дозвола, меѓу нив и малолетници

Македонија | пред 48 минути

media-library49ho9epgdtpi329xDMQ

Неовластено набавиле и продавале над 1,3 тони тутун, избегнале акциза од над 3,4 милиони денари

Македонија | пред 49 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања