Промени тема
Контакт

Серија пријави за семејно насилство – МВР со детали за случаите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие се евидентирани четири случаи на семејно насилство на подрачјето на Скопје и Делчево, при што едно лице е лишено од слобода.

— реклама —

Во првиот случај, на 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје, С.Д. (29) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р. (35) од Скопје. Во исто време, Е.Р. пријавил дека бил нападнат од С.Д., при што, според неговата изјава, таа употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Во вториот случај, на 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје, 61-годишен маж пријавил дека на 22.04.2026 во домот на подрачјето на Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Во третиот случај, на 24.04.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена пријавила дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В. (18) од Скопје. Лицето е приведено во Полициската станица Центар, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во четвртиот случај, на 23.04.2026 во 20:20 часот во ОВР Делчево, 57-годишен маж пријавил дека неговиот зет за ќерка М.Б. од Делчево ја избркал неговата ќерка од домот и не ѝ дозволил да го земе нивното бебе. За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Делчево, а се преземаат мерки за негово расчистување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytvb6nkcknph14CMmrcA

Ресенчани нападнале жена, на едниот му била сопруга, а на другиот роднина

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
semejno-nasilstvo

Кавадарчанец ја нападнал вонбрачната сопруга со тврд предмет, полицијата го уапси

Македонија | пред 12 часа

media-libraryv3n0f437ho8d45dekpt

Ја искршил вратата од домот на чичко му, кршел покуќнина, па ја нападнал и сестра му

Скопје | пред 12 часа

media-libraryvrb8vtc7b44l3MDjsWP

Вандализам во Центар: Искршен излог на ресторан, полицијата го расчистува случајот

Скопје | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања