Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест лица приведени поради семејно насилство во изминатото деноноќие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Во последните 24 часа полицијата регистрирала осум случаи на семејно насилство на подрачјето на државата, при што шест лица биле лишени од слобода поради физички напади, закани и агресивно однесување кон членови на семејството.

— реклама —

Во Штип бил приведен 36-годишен маж кој, според пријавата, физички го нападнал својот 66-годишен татко во семејниот дом. Во Охрид, пак, полицијата привела 54-годишен охриѓанец кој агресивно се однесувал кон својата мајка и оштетил дел од покуќнината.

— реклама —

Во Дебар бил лишен од слобода 24-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, додека во Куманово полицијата привела 39-годишна жена која, според пријавата на нејзината мајка, физички ја нападнала и оштетила дел од покуќнината во домот.

Два случаи се регистрирани и во Велес. Приведен е 35-годишен велешанец кој по расправија физички ја нападнал својата поранешна партнерка, како и 24-годишна жена која, според пријавата, го нападнала вонбрачниот сопруг на нејзината мајка, употребувајќи и остар предмет со кој му нанела повреда.

— реклама —

Дополнително, во Скопје биле пријавени уште два случаи. Педесетгодишна жена од Карпош пријавила дека нејзин внук ѝ се заканувал и фрлал камења кон куќата, додека 32-годишна жена од Кисела Вода пријавила дека била физички нападната од својот поранешен сопруг.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 13 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 13 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања