Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест пријави за семејно насилство, тројца завршија во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Во изминатото деноноќие во земјава биле регистрирани шест случаи на семејно насилство, а полициските службеници лишиле од слобода три лица осомничени за дел од инцидентите.

— реклама —

Во Струмица бил приведен 44-годишниот Б.М., откако според пријавата физички ја нападнал својата 30-годишна сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител.

Во Скопје, 29-годишна жена од Гази Баба пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, додека 28-годишна жена од општина Аеродром пријавила дека сопругот ѝ упатувал закани.

— реклама —

Во Тетово, 40-годишна жена пријавила дека нејзиниот поранешен вонбрачен партнер по прекинот на врската постојано ја следел, ја вознемирувал телефонски од различни броеви и ѝ упатувал закани кон неа и нејзиното семејство.

— реклама —

Полицијата интервенирала и во тетовското село Корито, каде 61-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од својот син, кој му се заканувал со остар предмет и му го скршил мобилниот телефон. Осомничениот бил пронајден и лишен од слобода.

Во Битола, пак, бил приведен 40-годишниот Д.Ј., по пријава дека физички ја нападнал својата 34-годишна вонбрачна партнерка.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 16 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања