Промени тема
Контакт

Шест пријави за семејно насилство за 24 часа, пет лица завршија во притвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

Пет лица биле лишени од слобода поради семејно насилство, додека во последното деноноќие во полиција биле пријавени вкупно шест случаи на насилство во семејството, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најновиот случај е регистриран ноќеска во Струмица, каде што била приведена 59-годишна жена од струмичко село, осомничена дека физички ги нападнала својата снаа и малолетниот внук.

Во Гостивар бил уапсен 53-годишен маж кој, според пријавата, физички го нападнал својот син, а потоа со остар предмет им се заканувал нему и на неговата мајка.

— реклама —

Во Битола, 35-годишник бил лишен од слобода поради напад врз сопругата, на која ѝ нанел повреди, додека во Велес бил приведен 28-годишник кој, и покрај судска забрана, се заканувал на своите родители, оштетил дел од инвентарот во домот и предизвикал страв кај членовите на семејството.

— реклама —

Во Куманово, полицијата привела 39-годишен маж осомничен дека физички ја нападнал својата 62-годишна мајка, која според пријавеното подолг период трпела психичко и физичко малтретирање.

Шестиот случај бил пријавен во Скопје, каде 41-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoj2260cusfgs5QkAM2n

14 возачи приведени за безобѕирно управување, еден возел со 178 км/ч на автопат

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
velosipedi

Уапсен 32-годишник во Скопје, се сомничи за кражба на 12 велосипеди

Македонија | пред 3 часа

media-libraryg8r4fkifn4v46H1SKm3

18-годишна девојка од Белгија исчезнала во битолско село Лавци

Македонија | пред 3 часа

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

Бегалец од затвор физички ја нападнал поранешната невенчана сопруга

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања