Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест пријави за семејно насилство за едно деноноќие, тројца приведени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Во текот на изминатото деноноќие полицијата регистрирала шест случаи на семејно насилство, при што три лица биле лишени од слобода, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Најсериозниот случај бил пријавен во скопската населба Гази Баба, каде што 36-годишен маж бил приведен откако физички ги нападнал својата сопруга и нејзината мајка, при што употребил тврд предмет, се заканувал со остар предмет и оштетувал покуќнина. Според пријавата, тој намерно го пуштил и своето куче, кое го каснало братот на сопругата кога дошол да помогне.

Во Ѓорче Петров, 43-годишна жена пријавила дека била физички нападната од сопругот, додека во друго скопско населено место 54-годишна жена пријавила физички напад од нејзиниот 64-годишен сопруг.

— реклама —

На подрачјето на Бит Пазар бил приведен 36-годишен скопјанец кој, според пријавата, со остар предмет им се заканувал на својата мајка и сестра.

— реклама —

Полицијата интервенирала и по семеен конфликт во Бит Пазар, каде по расправија меѓу членови на едно семејство биле пријавени повеќе физички напади меѓу роднини.

Во Велес, пак, бил приведен 43-годишен маж по пријава од неговата поранешна сопруга, која забележала повреда кај нивното дете по викенд поминат со таткото. За случајот бил известен јавен обвинител.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 18 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 18 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања