Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест возачи приведени за безобѕирно возење, меѓу кои двајца малолетници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH
ФБ

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода шест возачи поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, петмина од приведените управувале возила без возачка дозвола, при што двајца од нив биле малолетници. Дополнително, едно лице било затекнато како управува патничко возило и покрај тоа што имало активна забрана за управување.

— реклама —

По едно лице без возачка дозвола било затекнато во Скопје, Гостивар, Куманово, Кавадарци и Прилеп, при што малолетници биле откриени во Скопје и Гостивар.

Исто така, на Граничниот премин Деве Баир било приведено едно лице кое управувало патничко возило и покрај изречената забрана за возење.

— реклама —

По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или ако се под дејство на алкохол, со цел заеднички да се придонесе за побезбеден сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 6 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 6 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања