Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шасивари ќе бара мислење од Венецијанската комисија за измените поврзани со полагањето на правосудниот испит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarytatgf5tcicanb0zZOHv

Министерството за правда започна консултации со правните факултети и студентите за предложените измени поврзани со полагањето на правосудниот испит. Целта е да се слушнат ставовите на академската заедница и да се дојде до правно издржано решение што ќе ги почитува јазичните права и професионалните стандарди.

— реклама —

Министерот за правда Јетон Шасивари истакна дека измените нема да се носат без учество на засегнатите страни, нагласувајќи дека забелешките и предлозите на студентите и факултетите треба да имаат вистинска тежина.

— реклама —

Предложениот модел треба да овозможи порамноправни услови за кандидатите кои правните студии ги завршиле на различни јазици, без создавање паралелни системи за полагање. Според Шасивари, целта е јазичната инклузивност да се усогласи со единствените професионални стандарди потребни за функционирање на правосудниот систем.

— реклама —

Министерот порача дека Владата е посветена на унапредување на јазичните права, со целосно почитување на Уставот и законите. За дополнителна правна сигурност и усогласеност со европските стандарди, најави дека во краток рок ќе биде побарано мислење од Венецијанската комисија при Советот на Европа.

— реклама —

Шасивари посочи дека Министерството е подготвено да ги разгледа препораките од Комисијата и дека процесот ќе продолжи транспарентно, со вклучување на сите засегнати страни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Практичниот дел од правосудниот испит ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 21 минута

— реклама —
media-libraryv6a3pt44u66i5NAg5Lp

Венецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит

Македонија | пред 2 дена

media-librarylgu6tanv64ej3kOcpnF

Правосудниот испит ја разгоре политичката расправија: ЗНАМ се заканува со напуштање на Владата, албанските партии му порачаа на Димитриевски дека Врање е блиску

Македонија | пред 4 дена

media-librarykfobcf20epl52LLXVSH

Правосудниот испит во кој се симулира судски процес ќе се полага само на македонски јазик, тврди Мицкоски

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања