Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шест години неовластено увезувале и продавале хемикалии без дозволи, кривична пријава за фирма од Струмица и нејзиниот управител

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
hemikalii-4
Илустрација

СВР Струмица поднело кривична пријава против правно лице и 50-годишниот Н.Б. од Струмица поради сомнение за недозволена трговија со хемикалии за чиј увоз и промет се потребни посебни одобренија и дозволи.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство Струмица, а Н.Б. во периодот на кој се однесува случајот бил управител со неограничени овластувања во внатрешниот и надворешниот трговски промет на правниот субјект.

— реклама —

Според сомненијата, во периодот од 2020 до 2026 година, фирмата и управителот неовластено увезувале, складирале и продавале стоки чиј промет е ограничен, односно хемикалии од поголема вредност за чија трговија на големо се потребни соодветни одобренија, како и посебни дозволи за увоз.

— реклама —

Од МВР посочуваат дека во повеќе наврати биле вршени купопродажби на хемикалии без потребните одобренија и решенија за трговија на големо. Притоа, воопшто не биле поднесени барања за добивање на потребните документи, а правното лице не било впишано во регистарот на увозници на вакви хемикалии.

— реклама —

Против правното лице и управителот е поднесена кривична пријава за сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво според член 277 ставови 4 и 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 19 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 19 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања