Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова ги прими светските шампиони и вицешампиони во училишен ракомет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarysvrrjlmrgbmq16GR2rb

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими членовите на машката и женската кадетска ракометна репрезентација, кои на Светското првенство во ракомет за средношколци во Скопје постигнаа историски успех.

— реклама —

Машката селекција го освои златниот медал и титулата светски училишен шампион, додека женската репрезентација се закити со сребрен медал и ја освои титулата светски вицешампион.

Честитајќи им за постигнатите резултати, претседателката истакна дека освоените медали се плод на напорна работа, посветеност и талент, нагласувајќи дека младите спортисти достојно ја претставиле државата на светската сцена.

— реклама —

Сиљановска-Давкова оцени дека тие се едни од најдобрите спортски амбасадори на Македонија и посочи дека ракометот има посебно место во македонската спортска историја.

— реклама —

Таа нагласи дека спортот има големо значење во развојот на младите, бидејќи ги учи на дисциплина, тимска работа, солидарност и стремеж кон заедничка цел.

Младите ракометари и ракометарки истакнале дека освоените медали претставуваат признание за вложениот труд, но и дополнителна мотивација за нови успеси во иднина.

— реклама —

На средбата присуствуваа и претставници на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, предводени од претседателката Елена Мицковска, која на Сиљановска-Давкова ѝ врачи благодарница за придонесот во развојот и афирмацијата на училишниот спорт.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 3 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 4 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања