Сиљановска-Давкова ја посети шивалната во КПД Идризово: Секој заслужува втора животна шанса - работењето е клучно за ресоцијализација на осуденичките

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarytnd9ok0ipgeqdnhpzEa

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја посети шивачката работилница, којашто функционира во рамките на женското одделение во КПУ-КПД Идризово, Скопје, каде оствари разговор со осуденичките, кои се вклучени во процесот на шиење и везење.

— реклама —

— реклама —

Осуденичките ја запознаа претседателката со нивните работни активности, мотивацијата и желбата за работа, инспирацијата и стекнатите вештини, и лично ги претставија своите изработки - торби, марами и несесери коишто се продаваат надвор од затворот под логото „везење надеж зад решетки“.

— реклама —

Шивачката работилница, којашто за првпат е отворена на иницијатива на модната дизајнерка Ирина Тошева, истовремено и менторка на осуденичките, Сиљановска-Давкова ја оцени како позитивен модел на ресоцијализација, самоодржлив, но и профитабилен.

Таа ја поздрави соработката на затворската управа со општествено одговорните компании и поединци, што резултира со успешни приказни за реинтеграција и го охрабри проширувањето на ваквата пракса и во другите затворски одделенија.

Според неа, ресоцијализацијата е една од клучните цели на казнено-поправниот систем, посочувајќи дека казната не е само изолација, туку и подготовка на осудените лица за одговорно и активно вклучување во општеството.

Претходно, претседателката оствари средба со директорот на установата, Зоран Јовановски и директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов кои ја запознаа со условите и состојбите во затворот, со планираните структурни промени за решавање на актуелните проблеми поврзани со почитување на човековите права, здравствената заштита и недостатокот на сместувачки капацитети.

На средбата, беше поздравено функционирањето на затворска судница, што овозможува безбедни услови и пониски трошоци за судските процеси.

Претседателката го реафирмираше ставот за потребата од нов Закон за помилување, потенцирајќи дека при помилувањето не се оценува делото на затвореникот, туку се евалуира нивната ресоцијализација.

Работниот ангажман на осудените лица е предвиден во Законот за извршување на санкциите. Преку работа, тие стекнуваат практични вештини и работни навики, со што се зголемуваат нивните можности за вработување по излегувањето од затвор и се намалува ризикот од повторно сторување кривични дела.

За време на посетата на шивалната, осуденичките на претседателката ѝ подарија рачно изработена торба, а таа во знак на поддршка на нивната работа купи од нив новогодишни подароци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library5ourh9jvfv2f2ZS9RXC

Сиљановска-Давкова прими претставници на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и на Центарот за еколошка демократија ФЛОРОЗОН

Македонија | пред 3 седмици

media-library8lu9400p2q5f1UrOiPN

„Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку заради нивната стручност и компетентност“, претседателката Силјановска Давкова за предложените членови на Судскиот совет

Македонија | пред 3 седмици

media-library7fdh1al4m3pq8TY7k0E

Филипче: Поддршката на претседателката за Владата ја носи Македонија во изолација и продлабочување на кризата

Македонија | пред 1 месец

gordana-siljanovska-mickoskiKonvencija-10-02032024

СДСМ со совет до Сиљановска Давкова да не го слуша нивниот водач-бегалецот Груевски

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања