Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

„Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку заради нивната стручност и компетентност“, претседателката Силјановска Давкова за предложените членови на Судскиот совет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library8lu9400p2q5f1UrOiPN
ФБ

„Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот. Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии.“

— реклама —

Со оваа порака, претседателката Гордана Силјановска Давкова ја објасни логиката зад нејзините предлози за нови членки на Судскиот совет, кои денеска ги образложи пред пратениците во Собранието.

Таа ги предложи Алинда Кадри Шакиновиќ и Сузана Јошевска – Анастасовска, нагласувајќи дека изборот е направен исклучиво врз основа на стручноста, компетентноста и личниот кредибилитет.

— реклама —

„Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството. Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност“, рече Силјановска Давкова.

Според неа, реформите во правосудството не можат да дадат резултат доколку не започнат токму од телото кое има надлежност да одлучува за избор, оценување и одговорност на судиите.

„Ако во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање на исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот што ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи кои ќе значат исчекор во реформите“, изјави таа.

Претседателката посочи дека професионалноста без етика не е доволна и дека независното судство може да се гради само врз комбинација од знаење, интегритет и одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0p96u6skogd921mua8v

Нема што да се расправа за судијата кој го прати Груби во куќен притвор, членот на Судски, Јошевска, одговори на прозивките од Филков

Македонија | пред 2 седмици

media-library439d2gh00u939iRZvnh

(Видео) Од Врховен, преку судија и Владата до Судскиот совет: како, според Катевеновски, течела постапката за негово разрешување

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynfk2ck3udsq11jvV6jH

По вторпат разрешена судијката Савовска Димитровска која се закануваше на „Скопје1“, а со нејзе заминува и судијката Георгиева

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhhh9pq8lksj9b3v20fO

(Видео) Спиро Борисов и по две недели не ги демантира обвинувањата за земени 5.000 евра од Дацо Белски, на кого му одредил притвор

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања