Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова на 5. Дипломатски форум во Анталија: Потребна е превентивна, наместо реактивна дипломатија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-librarydhsht3frj9670m0pkVT

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, каде се обрати на панел посветен на глобалните предизвици и управувањето со неизвесностите.

— реклама —

Таа предупреди на растечки авторитарни тенденции, ремилитаризација и криза на политичкото лидерство, нагласувајќи потреба од поодговорни лидери и дипломатски пристап кој навремено ги препознава ризиците, наместо да реагира по нивното настанување.

— реклама —

Претседателката истакна дека меѓународното право може да се применува ефикасно само со силни и стабилни меѓународни институции, при што ја нагласи потребата од реформи на Обединетите нации и Европската Унија.

Во делот за Западен Балкан, Сиљановска-Давкова посочи дека евроинтеграциите претставуваат и безбедносно прашање, нагласувајќи дека отпорноста на надворешни влијанија е можна преку полноправно членство во Европската Унија.

— реклама —

На панелот учествуваа и претставници од Казахстан и Грузија, а дискусијата опфати теми поврзани со геополитички тензии, економски и климатски ризици, како и технолошки и безбедносни предизвици.

— реклама —

Учесниците се согласија дека зајакнувањето на мултилатералните институции и развојот на проактивна дипломатија се клучни за справување со современите глобални предизвици.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 3 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 4 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања